Отклучете го автомобилот со скенирање на лицето...

Точка

25/09/2020

19:40

700

Големина на фонт

а а а

Cadillac за потребите на азискиот пазар направи нов софтвер за препознавање на лице со чија помош можете да го отклучите својот автомобил.

Американската компанија во Кина го лансираше луксузниот кросовер XT4 и неговата опција за отклучување на возилото со помош на скенирање на лицето воодушеви многу купувачи.

Ултимативно доживување без клуч“ е терминот со кој се опишува оваа опција, а интересно е тоа што софтверот може да се користи и во услови на слаба осветленост надвор и внатре.


Автомобилот е опремен со двојна камера со инфрацрвена технологија и адаптивно светло во вид на сијаличка. Кога возачот ќе му пријде на автомобилот, камерата веднаш го снима лицето и преку мобилен телефон може да се дозволи отклучување на автомобилот.


Cadillac XT4 ќе се продава на кинескиот пазар по цена од 38 до нешто повеќе од 57 илјади долари во зависност од моторот и опремата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг