Професор пред отказ поради имиџот: Дали би дозволиле да им предава на вашите деца?

Точка

24/09/2020

19:15

6.732

Големина на фонт

а а а

Френки се чуди и не гледа ништо лошо во тоа како изгледа. 35-годишниот професор од Есон има сериозен проблем пред себе, поради количината тетоважи со кои што го покрил своето тело.

Францускиот професор со име Силвен кој што на социјалните мрежи сите го препознаваат по псевдонимот Френки Худи, станал главна тема на последниот состанок во училиштето затоа што има некои родители на кои што не им се допаѓа неговиот имиџ и сметаат дека може лошо да влијае на нивните деца.

Френки поради тоа го замолиле да престане да работи во градинката, а и со најмладите во училиште, туку само со оние деца кои што се постари од 10 години.

„Мојот изглед е сериозен проблем кај некои луѓе, но не кај многу од нив. Можеби за еден од илјада родители. Значи, станува збор за родители од деца на кои што не им предавам“ - изјавил Френки.

Дали ќе добие отказ поради тетоважите или пак либералното француско општество ќе го толерира ваквиот имиџ на еден професор, останува да се види во наредниот период.




Спонзорирани линкови

Маркетинг