Макфестовската „Срца камени“ на Виктор Апостоловски доживеа своја видео премиера

Точка

24/09/2020

15:06

2.397

Големина на фонт

а а а

Минатиот викенд во Штип се одржа јубилејното 35-то издание на Макфест, каде 24 изведувачи се претставија со нови композиции.

Еден од нив е и битолчанецот Виктор Апосотоловски, кој ја испеа „Срца камени“, за која доби и награда за најдобар сценски настап.

Не пропуштајте: „Интервју со Виктор Апостоловски: Наградата за најдобар сценски настап отиде во негови раце“

Песната на Виктор, за која аранжманот и музиката се дело на Илија Ќосевски, а текстот на самиот пејач, има динамичен, брз, модерен ритам, а со самото тоа неизбежна е и одлична кореографија. Токму кореографијата која му ја донесе наградата на Апостоловски е присутна и во спотот на песната, која официјално вчеравечер ја доживеа својата премиера на видео спотот.

Во интервјуто кое го направивме со Апостоловски, ветивме дека видео спотот за песната ќе може да се погледне токму на нашиот портал.

Па, уживајте во новиот хит на Апостоловски, насловен како „Срца камени“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг