Интервју со Виктор Апостоловски: Наградата за најдобар сценски настап отиде во негови раце

Точка

21/09/2020

23:42

2.239

Големина на фонт

а а а

Битолчанецот Виктор Апостоловски е изведувачот кој се закити со наградата „Најдобар сценски настап на Макфест Штип 2020“.

Имено, песната на Виктор, насловена како „Срца камени“, за која аранжманот и музиката се дело на Илија Ќосевски, а текстот на Виктор Апостоловски, има динамичен, брз, модерен ритам, а со самото тоа неизбежна е и одлична кореографија.

Публиката одлично реагираше на неговиот настап, па може да заклучиме дека наградата ја доби сосема заслужено.

Минатата година се претстави со песната „Оди си“ и остана запаметен како 'момчето кое среде настап ја искина маицата', па можеби имаше 'кредити' за оваа година да биде оној кој ќе ја земе токму оваа награда.

Инаку, Виктор Апостоловски на македонската јавност ѝ е познат откако се појави на Македонски идол пред 10-на години, па, на прашањето дали имал фаворити, ги спомена токму неговите колешки од тогашното шоу.

Новинар: Цеце Николова
Видео: Ненад Смиљковиќ



Спонзорирани линкови

Маркетинг