"Time" ги претстави 100-те највлијателни луѓе за оваа година: Меѓу нив политичари, спортисти, пејачки, но и медицинска сестра

Точка

24/09/2020

11:32

3.240

Големина на фонт

а а а

Некои традиции не можеше да ги прекине ни непредвидливата 2020-та година, па така списанието "Time" ја објави својата традиционална листа од сто највлијателни луѓе за оваа година.

По тој повод, дизајнирал дури 8 насловни страни, на кои се нашле претседателката на Тајван, Таи Инг-Вен, организаторите на движењето "Black Lives Matter" Патрис Колорс, Опал Томети и Алисија Гарза, имунологот Стенли Фаучи, бизнисменот Сундар Пичал, медицинската сестра Ејми О'Саливен, брачниот пар Габриела Унион и Двејн Вејд и музичарите "The Weekend" и Меган Д Сталион. 

На листата од сто највлијателни луѓе се нашле, меѓу другите, и музичарките Селена Гомез и Холси, кошаркарот Јанис Адетокумпо и политичарите Нејтан Лу, Ангела Меркел и Џо Бајден.

На веб страната на "Time" се наоѓаат и текстови за сите луѓе кои се прогласени за највлијателни.

Интересно е дека текстовите не ги пишувале нивни новинари, туку гости.

Леонардо ди Каприо пишувал за активистката за Амазон Немонте Ненквимо, Камила Кабељо за О.Ј Балвин, Мери Џеј Блајџ за Џенифер Хадсон, Тејлор Свифт за Фиби Волер Бирџ, а Ким Кардашиан за Џоџо Сива.

Листата прв пат откако постои била претставена во живо на телевизиски пренос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг