Ќерката на Никол Кидман и Том Круз се пофали со својот нов изглед, па ги воодушеви фановите

Точка

23/09/2020

20:55

3.890

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Никол Кидман и Том Круз се пофалила со новиот изглед на социјалната мрежа Инстаграм.

Бела Кидман Круз (27) не објавува често фотографии на социјалните мрежи, па поради тоа нејзината последна селфи фотографија ја пренеле многубројни американски медиуми.

Имено, од почетокот на годината, ќерката на славните актери објавила само три селфи фотографии.

Круз (58) и Кидман (53) ја посвоиле Бела во 1992-та година, а подоцна и синот Конор кој што е роден во 1995-та година.

Парот се развел во 2001-та година.

Минатата година Кидман зборувала за својот однос со Бела и Конор, кои што и двајцата ја преферираат сциентологијата како и нивниот татко.

„Можат да носат свои одлуки. Одлучија да бидат скиентолози заедно со нивниот татко, а моја работа како мајка е да ги сакам“ - изјавила таа за австриски „Who“.

Кидман моментално е во брак со Кејт Урбан, со кој што има две ќерки, Сандеј Роуз и Фејт Маргарет.

Круз исто така е татко на 14-годишната Сури која што ја доби со својата поранешна сопруга Кејти Холмс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг