Се отвораат студентските и средношколските домови: Владата ќе ги покрие трошоците за приватно сместување на студенти кои ќе останат без место во нив

Точка

22/09/2020

19:39

1.760

Големина на фонт

а а а

На денешната 5-та владина седница беше прифатена препораката од Комисијата за заразни болести во врска со отворањето на студентските и средношколските ученички домови.

Според Протоколот за сместување во нив, во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да се сместат максимум две лица.

Во оваа насока, на оваа 5-та седница, на предлог на Министерството за образование и наука, Владата до Собранието ќе достави Предлог – закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и Предлог – закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.

Со измените содржани во овие предлог закони, се уредува дека во услови на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди), на студентите и на учениците кои конкурирале на конкурсот за сместување во студентските и ученичките домови, и на кои им се одобрени барањата за сместување, но заради намалениот број на сместувачки легла не може да се сместат во студентски дом, да им се исплаќа месечна сума на средства за покривање на трошоците за приватно сместување, односно месечна сума на средства за покривање на трошоците за превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите, за чија висина одлучува Владата на Република Северна Македонија.

Студентите и учениците ќе се пријавуваат на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, за да ги внесат потребните податоци и докази, по што ќе им се исплаќаат средствата за времетраењето на предвидено со овие измени.

Се оценува дека заради намалениот капацитет на користење на сместувачки легла во студентските домови, приватно сместување или превоз од местото на живеење до местото во кое се одвиваат студиите ќе користат 884 студенти и 347 ученици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг