Кинеска ексклузива: Погледнете како изгледа „продолжениот“ BMW Series 5

Точка

21/09/2020

19:05

3.963

Големина на фонт

а а а

Баварскиот гигант за потребите на кинескиот пазар ја претстави продолжената верзија на Series 5.

Продолжената „петка“ ја продолжува традицијата на германскиот производител на купувачите во Кина да им нуди автомобили со поголема должина во однос на стандардните модели кои се продаваат во остатокот од светот.

BMW Series 5 за кинескиот пазар има 130 мм подолго меѓуосовинско растојание од регуларниот модел кој се продава во Европа. Тоа значи дека растојанието помеѓу двете осовини на автомобилот изнесува дури 3,105 мм со што значајно се зголемува просторот на задната клупа.


Што се однесува до погонот на овој модел, од BMW открија дека на кинескиот пазар ќе се продава 535Le plug-in хибридната верзија. Основата на погонскиот систем ја сочинува 4-литарскиот 2.0 турбо-бензинец со 292 коњски сили кој ќе добива помош од електромотор со засега непознати спецификации.

Германскиот производител покрај продолжената верзија, на кинескиот пазар ќе ги продава и стандардните 525i, 530i M и 540i M верзии.


Новиот BMW Series 5 со продолжено меѓуосовинско растојание ќе има официјална премиера на претстојниот Саем на автомобили во Пекинг кој откако беше одложен поради пандемијата на коронавирусот, сега би требало да се одржи на 26-ти септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг