Не знаат за рак и други болести: Вака изгледа животниот стил на најздравиот народ на светот

Точка

21/09/2020

12:10

4.030

Големина на фонт

а а а

Кон почетокот на 70-те години, „National Geographic“ објави серија написи за најдолговечните луѓе ширум светот. Хунзите од долината Хунза во северниот дел на Пакистан беше еден од тие народи - тие живеат и до 120 години, а некои од нив го прославиле и својот 145-ти роденден пред да го напуштат овој свет.

Долината Хунза е плодна долина, идеална за земјоделство и изолација од остатокот од светот. Се наоѓа на голема надморска висина, а регијата со својата прекрасна природа која го одзема здивот и топлото гостопримство била популарна дестинација за американските и европските туристи. 

Денес туристи и практично нема, па затоа претставува идилично и мирно, утописко опкружување.


Колку долго живее народот на Хунзите?

Никој всушност не знае колку долго живеат припадниците на овој народ. Лекарите кои ги прегледувале Хунзите, погодувале колку години имаат тие. Без преголема фокусираност на документираната максимална старост, навистина необичен факт е дека сите извештаи за овој народ споменуваат дека постарата популација е слаба, витална и практично без болести, што важи и до денес.

Како се заштитуваат од болести?

Вежбаат. Опкружувањето во кое живеат е планинско и изобилува со нерамен терен. Селата се неверојатно изолирани, а некои од нив се постари повеќе од 1000 години. Хунзите немаат друг избор освен да се движат по груби и стрмни патеки.

Обработливото земјиште исто така не се наоѓа секогаш непосредно покрај нивните домови, а некои пасишта се наоѓаат на 2 часа пешачење од селата. За Хунзите се вели дека се посрдечни од познатиот силен народ Шерпите од регијата на Хималаите.

Како изгледа нивната исхрана?

Хунзите воглавно се хранат со сирови растенија. Бидејќи се толку изолирани, тие немаат на што да ја готват храната ниту имаат многу животни на располагање за месо, па го садат она што можат и го собираат останатото. Кајсии, цреши, грозје, сливи и праски се плодовите кои ги одгледуваат Хунзите, а исто така јадат многу житарици - пченица, јачмен, просо и чапати, нивниот секојдневен леб.


Но, дали се среќни?

Апсолутно. Всушност, некои истражувачи го нарекуваат овој народ „најсреќен на светот“. Хунзите имаат одредена страст и елан за животот.

Што можеме да научиме од нив?

Јадете сирово овошје и зеленчук, вежбајте секојдневно и бидете позитивни, пренесува „BIZLife“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг