Во САД повеќе од 36.000 новозаболени од коронавирус

Макфакс

17/09/2020

11:50

528

Големина на фонт

а а а

Во САД се потврдени 36.782 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Како резултат на таа инфекција починале уште 977 лица, покажуваат најновите податоци на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Досега во САД се регистрирани 6.630.891 случај на инфекција со коронавирус, а починале 196.802 лица, според „Си-ен-ен“.

САД се на прво место во светот според бројот на заразени и починати лица од Ковид-19.



Спонзорирани линкови

Маркетинг