Погреб каков што би посакал секој маж: Испраќање на оној свет како во стриптиз бар, со танц во скут и бакнежи

Точка

16/09/2020

16:51

3.315

Големина на фонт

а а а

Танцувачките погреби од Гана, чии видео снимки покажуваат како се носат мртовечки сандаци на рамена и притоа сите насмеани играат, шокирале многу луѓе кои сметале дека таквото однесување е непочитување на семејствата, но и на покојникот.

Сега се појавило нешто уште побизарно, но овој пат ни доаѓа веројатно некаде од Јужна Америка.

Видео снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат уште еден облик на "однесување" на погреби. Меѓутоа, овој тренд или обичај, иако изненадил многу корисници, многумина и воодушевил.

Имено, на снимките се гледа невообичаено простување од саканиот, а иако има и по некоја солза, насобраните луѓе креваат раце и пеат на музиката. Меѓуто, тоа што ја довело атмосферата до вриење е девојката која седнува на сандакот и заводливо игра.

Во еден момент се прикажува и дека сандакот стои на една страна потпрен на мотор, додека од сите страни се слушаат сирени.

Иако многумина биле шокирани од ова однесување на погребот, па го прогласиле за бизарно, многу мажи кои го споделиле видеото признале дека сакаат на овој начин да се одвива и нивниот погреб.



Спонзорирани линкови

Маркетинг