Мајами во продолжението го скршија Бостон

Макфакс

16/09/2020

10:15

653

Големина на фонт

а а а

Мајами Хит ги победија Бостон Селтикс 117:114 (106:106) во првиот натпревар од финалната серија во Источната конференција, во НБА лигата.

Мајами во последната четвртина ја стигнаа предноста на Бостон од 14 поени, а потоа во продолжението предводени од Џими Батлер дојдоа до победата. Во финишот на регуларниот дел Мајами имаа 106:105, Џејсон Тејтум го израмни резултатот, а истиот играч во последната секунда не успеа да погоди тројка.

Во продолжението клучните поени (2+1) ги постигна Батлер, а потоа конечниот резултат го постави Бем Адебајо.

Горан Драгиќ беше најефикасен кај Мајами со 29 поени, Џеј Краудер уфрли 22, а Батлер 20 поени.

На спротивната страна Тејтум забележа 30 поени, 14 скокови и пет асистенции, четири поени помалку уфрли Маркус Смарт.

Вториот меч од оваа серија на програмата е на 18 септември.



Спонзорирани линкови

Маркетинг