Конечно го имаме нашиот прв шопинг асистент - „SPOT“

Точка

15/09/2020

16:00

2.159

Големина на фонт

а а а

Апликацијата е креирана со цел да се создаде двоен бенефит, како за корисниците, така и за партнерските компании кои преку SPOT можат да ги истакнат своите производи или услуги до група потрошувачи која е заинтересирана за истите.

SPOT е вашиот прв шопинг асистент веќе достапен за преземање на Google Play и Apple Store.

Моментално се случува лавина од реклами и понуди на социјалните медиуми, а поради истото, наоѓање на потребната услуга или производ претставува голем проблем за секој од нас.

SPOT го елиминира овој проблем!

Корисникот едноставно си ги одбира своите омилени брендови и/или најпотребните производи и услуги, а за возврат добива известувања (нотификации) во моментот штом има нова понуда за истите. Односно со SPOT повеќе нема потреба од губење време на шетање низ градот или пребарување низ интернетот за да ги најдете најновите понуди за точно тоа што ви е потребно.

Сакаме нашите корисници, на најбрз начин да стигнат до тоа што им треба, без да им одземеме драгоцено време, или изложиме на непотребни контакти и реклами. Според нас, ова е најважниот допринос со кој особено се гордееме во сегментот на е-трговија на ниво на Македонија. 

Апликацијата е креирана со цел да се создаде двоен бенефит, како за корисниците, така и за партнерските компании кои преку SPOT можат да ги истакнат своите производи или услуги до група потрошувачи која е заинтересирана за истите.

Тимот позади апликацијата ги повикува сите компании, кои имаат за цел ефикасна комуникација со потенцијалните купувачи, да регистрираат свој профил во SPOT и да започнат со објавување на своите понуди. Услугите за сите наши бизнис партнери се бесплатни во првиот месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг