„Капетан Америка“ случајно објави фотографија од својот полов орган и предизвика лавина коментари

Точка

14/09/2020

22:29

12.379

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер Крис Еванс, познат по улогата на Капетан Америка, ги разбранува социјалните мрежи. Тој на Инстаграм објави скриншот од својот телефон, но на истиот се нашла и една фотографија која сигурно не сакал да ја сподели со остатокот од светот.

На „спорната“ фотографија се гледа половиот орган на актерот, а Еванс брзо ја избришал објавата, пренесува „Independent“. 

Меѓутоа, како што е чест случај на интернет, неговите следбеници направиле скриншот од фотографијата која молскавично започнала да се шири на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина коментари и различни реакции.

Дури и неговиот колега Марк Рафало реагирал, порачувајќи му дека нема од што да се срами се додека Доналд Трамп е претседател, уште еднаш јасно искажувајќи го својот политички став.

Еве дел од реакциите кои се појавија на Твитер:

Спорната фотографијата можете да ја погледнете на следниот линк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг