Еве колку ќе чини руската вакцина против коронавирус на меѓународниот пазар

Точка

13/08/2020

20:54

6.551

Големина на фонт

а а а

Цената на руската вакцина против коронавирусот за меѓународниот пазар на почетокот ќе биде најмалку 10 долари за две дози, изјави Алексеј Репик од „Р-Фарм“.

„Според нашите проценки, цената ќе биде најмалку 10 долари за две дози на пазарот за извоз“, изјави претседавачот на бордот на директори на „Р-Фарм“ за телевизискиот канал „Русија 24“.

Репик изјави дека на првите серии на вакцината најверојатно ќе бидат поскапи, а вакцината ќе стане поевтина кога нејзиното производство ќе достигне индустриски доволен обем.

Русија планира да направи пет милиони дози на вакцини против коронавирусот месечно во декември и јануари, изјави вчера директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и макробиологија „Гамалеј“, Александар Гинтсбург.


„Според планот, се очекува дека компаниите ќе го достигнат својот полн капацитет во декември и јануари. Капацитетот треба да биде околу пет милиони вакцини месечно, можеби и повеќе“, изјави Гинтсбург за новинарите.

Ако биде така, целата земја ќе биде снабдена со вакцината за една година, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија ја регистрираше првата вакцина против Ковид-19 во светот која ја разви центарот „Гамалеј“ во соработка со министерството за одбрана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг