Испливале детали: Еве со помош на што е направена руската вакцина

Точка

12/08/2020

20:18

5.904

Големина на фонт

а а а

При правењето на вакцината против коронавирусот, на научниците им помогнале информациите кои биле добиени при развојот на серум против ебола, а користена е истата технологија, рекол директорот на Националниот истражувачки центар "Гамалеј", Александар Гинцбург.

"Станува збор за истата технологија, истата технолошка платформа. На еболата прв пат е тестирана ефикасноста на технологијата за векторско воведување на гени во човековите клетки за правење на вакцини", рекол тој. 

Како што рекол, таа технологија е направена со воведување на гени во човековиот организам со друга цел - лечење на болести преку генетска терапија. Меѓутоа, истата технологија сега успешно се користи за правење на вакцини.

Според неговите зборови, станува збор за технологија која може прецизно, до еден нуклеотид, до една аминокиселина, да ја одреди дозата која треба да се внесе во организмот за да се произведе одреден тип на имунолошки одговор.

Гинцбург истакнал дека со помош на таа технологија е пресметано каде ќе се синтетизира антигенот на Ковид-19, и како ќе се транспортира.

Покрај тоа, тој рекол дека вакцината на ниеден начин нема да влијае на здравствената состојба на човекот.

Потсетуваме, Русија на 11-ти август прва на светот регистрирала вакцина против коронавирусот. Вакцината ја направил центарот "Гамалеј" и Министерството за одбрана на Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг