Путин на насловната страна на француски весник: "Погледнете што држи во рака рускиот претседател"

Точка

12/08/2020

21:19

6.965

Големина на фонт

а а а

Францускиот весник "Liberation" во својот нов број на насловната страна го ставил рускиот претседател Владимир Путин, облечен како тајниот агент Џејмс Бонд.

Притоа, Путин наместо пиштол, во раката држи шприц со руската вакцина против коронавирусот. 

Фотографијата е насловена "Утре никогаш не умира", што е наслов на еден од филмовите за Џејмс Бонд.

На развојот на руската вакцина и ситуацијата со епидемијата во Франција весникот им посветил 4 страници.

A la une de Libé demain

Vladimir Poutine a cherché à prendre de court le monde entier en annonçant la mise au point de...

Posted by Libération on Tuesday, 11 August 2020

За што се работи?

Авторите на материјалот објаснуваат дека вакцината го добила името по сателитот кој "го изненадил целиот свет претекнувајќи ги Американците во вселенската трка во октомври 1957-ма година".

"Брзината со која рускиот претседател објави пронаоѓање на вакцина изненадува. Брзината или брзањето? Светската здравствена организација реагираше многу внимателно на руските изјави...Постојат сомнежи во сериозноста на клиничките испитувања", стои во статијата.

Весникот објавил и статија од швајцарскиот генетичар Франсоа Балуа, кој објавата за создавање на руска вакцина ја нарекол опасна, сметајќи ја за последица од "политичка одлуката применета во луда трка".

На социјалните мрежи по објавата за руската вакцина се појавиле разни илустрации на кои е прикажан Путин со вакцина. На една од нив Путин го вакцинира американскиот претседател Доналд Трамп, а на втора јава на мечка и носи вакцина.

Прва вакцина против коронавирус

Министерството за здравство на Русија во вторникот ја регистрирало првата вакцина во светот за превенција од коронавирус, која ја развил Научниот институт "Гамалеј" заедно со рускиот Фонд за директни инвестиции.

Вакцината е наречена "Sputnik V". Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко соопштил дека вакцината ќе се произведува на две места - во центарот на "Гамалеј" и во компанијата "Бинофарм". Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакнал дека вакцината ги минала сите неопходни тестови и дека формира стабилен имунитет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг