Бил Гејтс: „Направете го тоа и ќе испиете чаша отров“

Точка

10/08/2020

20:19

11.267

Големина на фонт

а а а

Еден од основачите на компанијата „Microsoft“ нема убави зборови за моменталната ситуација.

Компанијата „Microsoft“ моментално е во фаза на преговарање со компанијата „ByteDance“ од Кина, за преземање на ТикТок.

Во игра се три сценарија - купување на американските операции, купување на целосната апликација и забрана на ТикТок апликацијата, доколку „Microsoft“ не ја купи до 15-ти септември.

Компанијата очигледно е во комплицирана ситуација, а тоа го мачи и на еден од нејзините основачи - Бил Гејтс.

Гејтс во интервју за американски „Wired“, јасно изјавил дека купувањето на дел од ТикТок апликацијата, оној задолжен за операциите во САД, Австралија, Канада и Нов Зеланд ќе биде многу комплицирана работа.

„Којзнае што ќе се случи со тој договор“ - изјавил Гејтс, па продолжил:

„Но, секако дека тоа е чаша отров“.

Билг Гејтс исто така објаснил дека да се биде голем играч во полето на социјалните мрежи е комплицирана работа и дека е многу тешко, па „Microsoft“ ќе мора да вложи повеќе напори и средства од претходно.

Бил Гејтс исто така истакнал дека добро е тоа што Фејсбук преку тоа би добил голем ривал, доколку „Microsoft“ го купи ТикТок, но исто така истакнал дека барањето на претседателот Трамп да се забрани апликацијата е бизарно.




Спонзорирани линкови

Маркетинг