Запознајте го градот на југот од ''чизмата'' чие име ниту Италијанците не сакаат да го изговорат – еве и зошто

Точка

06/08/2020

17:43

10.766

Големина на фонт

а а а

Доколку некогаш одлучите да го посетите ова бајковито гратче на југот од Италија, никако не смеете да го изговорите неговото име затоа што Италијанците веруваат дека носи несреќа.

Тие наместо да го изговорат неговото име, велат ''chillu paese'' што на локален дијалект значи ''оној град''.  


Во градот кој што носи несреќа, тврдат дека проклетството е старо колку и темелите, но според легендата ''спиело'' до 20-от век кога го пробудиле адвокат и вештерка.

Како филмско сценарио, адвокатот кој што никогаш не загубил ниту еден случај, во една прилика во судницата рекол:

„Ако лажам, нека падне овој лустер од над нас“.


Лустерот паднал и на градот му донел лоша репутација. Во тоа време почнале да се шират гласини дека локалните жени се занимаваат со црна магија, а ги предводела Ла Цатре, старицата која што ја сметале за волшебничка.

Антрополозите кои што одлучиле да ги разоткријат тајните наградот, не поминале добро.


Набрзо по доаѓањето ги снашла несреќа, непријатност или пак болест, а жителите на ''оној град'' заклучиле дека сето тоа е поради проклетството.




Спонзорирани линкови

Маркетинг