Точка ТВ: 4 експлозии полоши од Бејрут – најсмртоносни несреќи во историјата предизвикани од амониум нитрат

Точка

06/08/2020

15:23

2.895

Големина на фонт

а а а

Оваа супстанција шест години била лошо чувана во складиштето на пристаништето во Бејрут, а во текот на историјата, неколку пати направила огромна штета во градовите ширум светот.

Сè уште не се знае точната причина за експлозијата која што одекна во Бејрут и која што усмрти најмалку 100 луѓе.

Има сомнежи дека до катастрофата дошло како последица на експлозија на 2.750 тони амониум нитрат кој што со години се чувал во складиште на пристаништето.

Сепак, ова не е прва катастрофа која што се случува како последица на таа опасна супстанција.

Ова се 5-те најголеми катастрофи кои се случиле како последица на експлозија на амониум нитрат:

1. Тјенџин, Кина 2015-та година

Две големи експлозии се случиле на 12-ти август, 2015-та година во индустриско складиште во градот Тјенџин, откако дошло до пожар.

Во несреќата загинале 110 работници од Брзата помош и 55 жители и работници, повредени биле над 790 луѓе, а осум тела никогаш не биле пронајдени по експлозијата.

Според наодите од властите до несреќата дошло по пат на запаллива роба која што била складирана покрај опасните хемикалии - амониум нитрат и нитриум цијанид.

2. Рјонгчон, Северна Кореја, 2014-та година

На железничката станица во градот Рјонгчон во Северна Кореја, кон крајот на месец април дошло до несреќа кога два воза се судриле, а пренесувале азотно гориво, односно амониум нитрат.

Најмалку 162-ца луѓе починале, а над 3.000 биле повредени во експлозијата. Оштетени биле околните згради, а илјадници луѓе останале без кров над главата.


3. Тексас, 1947-та година

Најсмртоносната индустриска несреќа во историјата на САД се случила на 16-ти април 1947 година, во заливот Галвестон во Тексас.

Експлозијата се случила откако на бродот SS Grandcamp била фрлена запалена цигара, а бродот пренесувал околу 2.300 тони амониум нитрат.

Експлозијата предизвикала верижна реакција и на другите бродови кои што се наоѓале на пристаништето, во неа починале најмалку 581 луѓе, а околу 3.500 биле повредени.


4. Германија, 1921-та година

На 21-ви септември 1921 година, во фабриката BASF во Опау дошло до експлозија на 450 тони амониум сулфат и амониум нитрат.

Усмртени биле од 500 до 600 луѓе, а тешко повредени околу 2.000 луѓе.

Експлозијата се почувствувала на километарска далечина, дури до Франкфурт и оставила кратер на местото на самата експлозија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk