Сара Мејс и Димитар прославија 3 години љубов: „Сме имале и паѓања, ама еве сме станати“

Точка

05/08/2020

20:47

5.452

Големина на фонт

а а а

Сара Мејс и Димитар Атанасовски денеска одбележаа 3 години од брак.

По тој повод, Сара сподели прекрасна семејна фотографија од неа, Димитар и Илина, со емотивна порака.

„На денешен ден, пред 3 години, дечкото са моје леве стране (јастука) ми се заколна пред Бога. Сме имале и паѓања, ама еве сме станати... Кога ќе паднеш (а ќе паднеш некогаш), поважно од паѓањето е само како ќе станеш. Така ја учиме Илина. Така се учиме ние. Стој исправено. Стој посилно од претходно. Да нѝ се множат годините, и во добро и во лошо“, напиша Сара.

Инаку, парот пред две години ја доби својата прва ќерка Илина, на која пред некој ден ѝ беше именден, па гордата мајка сподели фотографии од својата наследничка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг