Првиот човек на Серија А со коментар за евентуалното враќање на навивачите на трибините

Дерби

05/08/2020

11:49

411

Големина на фонт

а а а

По завршувањето на Серија А, сега главно прашање кое се поставува на Апенинскиот полуостров е дали во Италија од септември ќе може да се гледа фудбал од стадионите.

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравина не е оптимист дека тоа може да се случи веќе во септември.

Новата сезона на Апенините ќе започне на 19 септември и истата ќе трае до 23 мај следната година.

– Претходните денови работевме на основите протоколи. Загрижени сме како ќе изгледа се, но сите сме посветени на пронаоѓање решение кое ќе го предложиме на надлежните тела.

– Сигурни сме дека стадионите повторно ќе бидат отворени, но кога здравствената ситуација ќе дозволи. Мислам дека доста е оптимистично да се мисли дека тоа ќе биде од првиот ден во сезоната, - изјави Гравина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг