Натписот во тоалетот ги поделил мислењата на луѓето, за некои урнебесен, за други навредлив: „Нашиот народ ни во тоалет не оди без хумор“

Точка

04/08/2020

12:25

4.395

Големина на фонт

а а а

Ознаките во тоалетот во еден задарски ресторан привлекле големо внимание на социјалната мрежа Фејсбук, односно кај луѓето кои што ги виделе.

Машкиот тоалет бил означен со натпис ''Man'', додека пак женскиот тоалет бил означен со натпис ''Neman''.

Фотографијата се нашла на една од Фејсбук страниците на социјалната мрежа, па привлекла големо внимание кај окото на набљудувачот.

Реакциите по објавата на фотографијата биле многубројни, па така додека на многумина ги насмеала, други заклучиле дека натписот е исклучително навредлив кон жените.


„Боже!“, „Дали е ова можно?“ - се запрашале некои.

Други пак застанале во одбрана на ''авторот'' на натписот:

„Нашиот народ не може да оди во тоалет ниту без хумор“.

Што мислите вие?



Спонзорирани линкови

Маркетинг