Балканска корона-рута: Германците го обвинуваат Балканот за коронавирусот

Точка

04/08/2020

19:54

3.290

Големина на фонт

а а а

Германските медиуми го обвинуваат Балканот за коронавирусот бидејќи имаат многу увезени случаи од овие простори.

По повод неколку наслови во германските медиуми за тоа дека граѓаните кои доаѓаат од одмор од земјите од југоистоична Европа го носат коронавирусот во Германија, "Deutsche Welle" го поставува прашањето дали навистина "вирусот во Германија доаѓа од Балканот". 

"Косово, Србија, Хрватска - пред се оние кои по одморот доаѓаат од земјите на југоистоична Европа, го носат вирусот во Геранија", пишува весникот "Hamburger Abendblat".

Во март уделот на луѓето кои влегле во Германија со инфекција бил повисок од 50 проценти, но, по ограничувањата на патувањата, брзо паднал на помалку од 10 проценти. "Сега повторно расте", наведува весникот од Хамбург.

Тој весник, како што пренесува "DW", потоа цитира и податоци од извештајот на Институтот "Роберт Кох", според кои во првите четири недели на јули во Германија се забележани 7.977 нови случаи на зараза.

Според тие податоци, 303 случаи биле од Косово, 242 од Србија, 70 од Турција, 67 од Босна и Херцеговина, 36 од Романија, 29 од Хрватска, 27 од Бугарија и 25 од Македонија.

"Сè на сè", пишува "Die Welt", тоа се околу 800 случаи од југоистоична Европа од вкупно 8.000 случаи во Германија забележани во тој период, што значи 10 проценти.

"Прашање е дали тие броеви уште ќе растат во август, во време на сезоната на годишни одмори кога луѓето од тие земји традиционално одат во посета на роднините во своите земји", додава "Die Welt".

Во продолжението од текстот кој тој весникот го насловил "Балканска корона-рута", се опишува ситуацијата во повеќе земји од Балканот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг