Совршен тен за неколку минути: Направете сами препарат за самопотемнување од само една состојка

Точка

01/08/2020

13:53

3.683

Големина на фонт

а а а

Половина од летото веќе е зад нас, а многумина не се одлучија да одат на море, па ни на планина во својата земја, но тоа не значи дека не може да се прошетаат низ градот со убав тен. Постои начин – и тоа природен!

За постигнување на убав бронзен тен ви се потребни неколку дена на море, планина, езеро, а тоа подразбира и часови изложување на сонце. Знаеме дека сончевите зраци ја уништуваат кожата, а можат да предизвикаат и рак, па многу жени во последните неколку години се штитат од сонце. 


Често, дамите се осврнуваат кон препаратите за самопотемнување, а ние денеска ви претставуваме еден едноставен рецепт по кој кожата ќе ви биде мека и кадифена, а тенот бронзен. Препаратот се состои од само една состојка, но важно е пред неговото нанесување добро да го припремите телото односно да направите пилинг на кожата.

Препаратот лесно се размачкува, а помага и во ублажување на изгорениците од сонце. Сè што ви е потребно е – црн чај! Во 2 децилитри зовриена вода, додајте 2 супени лажички црн чај, оставете да се излади, а потоа процедете. Ставете го чајот во шишенце со распрскувач и напрскајте го целото тело и секако, лицето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг