Путин 'удри' и по Биткоин: Рускиот претседател потпишал закон за забрана на плаќање со криптовалути

Точка

01/08/2020

08:07

2.662

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпишал закон со кој се забранува плаќање со криптовалути во Русија.

Законот предвидува од 2021-ва година трансакциите да се извршуваат со дигитални финансиски средства, но се забранува користење на криптовалути како средства за плаќање.

Документот од 107 страници е објавен на официјалниот интернет портал за правни информации. Документот ги регулира односите што произлегуваат од издавањето, пресметката и прометот на дигиталните финансиски средства.


Законот исто така забранува и рекламирање на дигитална валута како начин на плаќање. Граѓаните можат да станат сопственици на дигитални финансиски средства (токени), но само доколку се создадени во рамки на руското законодавство.

Купување и продавање на дигитални средства ќе биде можно во рамки на специјалните информативни системи, кои мора да бидат во согласност со руското законодавство и да бидат вклучени во регистарот на Банката на Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг