Нови големи протести се одржуваат вечерва на улиците на Србија, во сите поголеми градови.
Граѓаните се собраа пред просториите на СНС, недалеку од Генералштабот, каде што беа пречекани од полициски кордон.
Активистите на СНС се исто така на местото на настанот, а во тек е вербален конфликт меѓу демонстрантите и полицијата, како и меѓу демонстрантите и активистите на СНС.
Вчера избувнаа насилни судири во Нови Сад и Белград. Поддржувачи на Српската напредна партија (СНС) и Александар Вучиќ се појавија на улиците, маскирани и вооружени со палки. Антивладините демонстранти беа нападнати со огномет, а имаше и судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Во Нови Сад, маж, за кој подоцна се покажа дека е војник, извадил пиштол и пукал во воздух, тврдејќи дека демонстрантите против режимот на Вучиќ му се заканиле со живот.