На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки фотографии на кои се гледа куче врзано и влечено зад автомобил на отворен пат. Станува збор за сериозен чин на злоупотреба и изживување врз животното, што предизвика лавина од реакции и осуда.
Според објави на социјалните мрежи, благодарение на брзата интервенција на Министерството за внатрешни работи кучето било пронајдено, одземено, згрижено и моментално е во стабилна состојба. Наводно, лицето кое го извршило ова грозоморно дело е идентификувано и против него ќе бидат преземени соодветни постапки од надлежните институции.
Од Противпожарната екипа на Крива Паланка информираат дека кучето кое било малтретирано, потоа било фрлено во коритото на Крива Река од каде го спрасиле двајца пожарникари.
– По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од 2 пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање на надлежните институции, кое по претходно малтретирање било фрлено во коритото на Крива Река. За жал уште една немила ситуација на изживување и измачување на животните! – известија од Територијалната противпожарна екипа од Крива Паланка.
За среќа, благодарение на брзата интервенција на МВР и АХВ кучето е најдено, одземено, згрижено и е во стабилна...
Posted by Tanja Ololovska Ristevska on Wednesday, August 13, 2025
Фото: Фејсбук