Остана само една порака за 10 милиони луѓе: Сопругата на Вил Смит избришала сè од Инстаграм

Точка

30/07/2020

20:00

6.286

Големина на фонт

а а а

Актерката Џејда Пинкет Смит ги избришала сите фотографии од својот профил на Инстаграм, кој има повеќе од 10 милиони следбеници, а имала многу добра причина за тоа.

Сега на профилот на сопругата на Вил Смит има само три објави кои заедно даваат една целина и испраќаат една порака.

Актерката од филмот „Matrix“ со своите објави порачува: „Правда за Бриона Тејлор“.

Оваа порака е дел од движењето за вреднување на животот на Афроамериканците Black lives matter“, која ја вознемири јавноста во март оваа година.

Имено, на 13-ти март, 26-годишната Бриона, медицинска техничкарка за Брза помош, била брутално убиена од полицајците кои влегле во нејзината куќа.

Полицијата отворила оган и ја погодила Бриона Тејлор осум пати додека таа спиела.

Многу познати личности бараат правда за Бриона Тејлор, а според странските медиуми, три месеци по нејзиното убиство еден од полицајците кој бил вмешан во овој случај добил отказ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг