Оваа невеста со својата венчаница ги надмина сите: „Така се сака претседател“

Точка

29/07/2020

15:40

5.275

Големина на фонт

а а а

Веќе гледавме фотографии од Владимир Путин на цистерна, на маици, меѓу графити... Но, сепак, невестата во венчаница со неговиот лик ги надмина сите!

Имено, на една венчавка, најверојатно во Русија, направена е фотографија на која постар маж, за кој се верува дека ѝ е татко, ја држи невестата за рака.


Фотографијата на која освен тие двајца се гледаат и сватовите, не била нималку обична бидејќи на венчаницата по целата должина е испечатен ликот на претседателот на Руската Федерација во кимоно. Освен тоа, невестата носи и златна круна.

Очигледно е кој и во толку важни моменти има приоритет во животот на невестата, а со ваков аутфит дефинитивно ќе биде запаметена во цел свет.




Спонзорирани линкови

Маркетинг