Точка ТВ: Хероите од нашето детство – 5 незаборавни македонски детски емисии со кои растевме

Точка

28/07/2020

21:12

2.658

Големина на фонт

а а а

Во минатото на телевизиските канали можеше да се гледа богата културно-едукативна детска програма. Сè беше поинаку, а благодарение на нив пораснавме, со хероите од нашето детство.

Бушава Азбука

Бушава азбука беше една од најпопуларните македонски детски програми, продуцирана со помош на МРТВ во 1985-та година.

Авторите на оваа едукативна емисија се Горан Стефановски и Слободан Унковски, со музика од Леб и сол и Ана Костовска.

Програмата е насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм, итн. Емисијата вкупно има 31 епизода (исто како и вкупно букви во македонката азбука) со просечно траење од 29 минути.

Дајте Музика

Оние малку повозрасните што растеа со култната детска серија „Дајте музика“ велат дека улиците се празнеле кога таа се емитувала на малите екрани.

Оваа серија, која се прикажуваше на Македонската телевизија, беше во режија на Лазар Паковски и нема дете од земјава што не се сеќава на овој проект.

Освен интересната содржина, таму се слушаа и песнички за деца што сѐ уште се паметат. Најавната песна „Дајте музика“, која се емитуваше во шпица, сите ја потпевнуваат и ден денес.


Волшебното самарче

ТВ Скопје 1975-та година: Игор Џамбазов, Анче Џамбазова, Петре Прличко, Ристо Шишков, Коле Ангеловски…

Серијата беше работена според делото на Ванчо Николевски, а херојот од нашето детство беше Трајче Дрварчето.

Белото Циганче

Македонска серија за деца од 1983-та година. Актерите кои што ги толкуваа улогите во оваа култна детска серија се: Илија Џувалековски, Снежана Стамеска, Крсте Јовановски, Рубенс Муратовски, Игор Маџиров.

Инаку, серијата е направеа според делото на Видое Подгорец.


Тетка Биберче

Mrs. Pepperpot или Spoon Obasan на јапонски е легендарната Тетка Биберче.

Првиот „anime“ прикажан на Македонската Радио Телевизијa. Познати цртани филмови беа и Пожарникарот Сем, Таличниот Том, Волшебните чевличиња, Нинџа Желки и многу други.Бушава Азбука




Спонзорирани линкови

Маркетинг