Пендаровски ги осуди заканите и насилството кон новинари

Точка

24/07/2020

15:50

1.177

Големина на фонт

а а а

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ги осуди нападите и заканите кон новинарите.

„Најостро ги осудувам заканите и насилството од кој било вид, насочени кон новинарите и медиумските работници. Изминативе денови сме сведоци на физичко и вербално насилство и закани на социјалните мрежи. Ги повикувам надлежните институции веднаш да спроведат истраги и соодветни дејства и што поскоро да ги решаваат ваквите случаи. Новинарите и останатите медиумски работници потребно е да бидат ослободени од страв, со цел непречено да ја извршуваат својата работа“, напиша меѓу останатото Пендаровски на својот Фејсбук профил.

Во раните утрински часови во еден скопски е нападнат новинарот Љупчо Златев. Закани се упатени и кон новинарката Мирослава Бурнс



Спонзорирани линкови

Маркетинг