Ибрахимовиќ за пресвртот со Пиоли: Ништо не знаев, секој ден учите нешто ново во Милан

Дерби

22/07/2020

17:15

969

Големина на фонт

а а а

Милан успеа да го победи Сасуоло и да ја продолжи позитивната серија на резултати, но оваа победа дефинитивно остана во сенка на новите случувања во клубот околу тренерската позиција.

Долго време беше најавувано дека Ралф Рангник ќе го преземе Милан за да вчера дојде до комплетен пресврт и биде соопштено дека Германецот не доаѓа во Милано, поточно дека е продолжена соработката со сегашниот стратег Стефано Пиоли.

Овие нови вести го изненадија дури и Златан Ибрахимовиќ кој по средбата на „Мапеи“ за „Скај Спорт Италија“ изјави:

- Овде имам уште три натпревари и 10 денови, ама никој ништо не ми кажа и повеќе ништо не очекувам. Не знам ништо за Пиоли. Овде секој ден учите нешто ново. Јас работам, тимот одлично се чувствува и сме среќни. Откако јас сум тука табелата покажува дека треба да бидеме втори, - истакна во свој стил ветеранот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг