Таравари најави протести од понеделник: Извршена е кражба на гласови!

Точка

22/07/2020

15:20

2.573

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Алијанса на Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари најави протести поради „злоупотреба на гласовите и полнење на кутии од страна на ДУИ“.

Според Таравари, извршена е брутална кражба на гласови во албанскиот блок и поради тоа од неговата партија поднеле жалби до Управниот суд за прекршоци во изборниот процес во изборните единици 5 и 6.

Поради тоа, од понеделник ги најави протестите под мотото „Избори ДА, крадење НЕ“ кои ќе започнат во 18 часот во паркот во скопски Чаир, а ќе се маршира до канцелариите на Европската унија и Државната изборна комисија.

„ Гласот е света работа и ти се обидуваш во кампањата да собереш 82 илјади гласови без притисок и уцени, преку правење тим на луѓе кои ветуваат многу поразлично владеење. Тогаш доаѓаат различните банди на кои заложници сме целото општество,, ги полнат гласачките кутии, ги заплашуваат луѓето, ги уценуваат и на крајот се добива резултат кој никој не го очекувал. Она што е уште полошо е тоа што во следните четири години сме заложници на оние банди кои рекетираат, продаваат наркотици и им предизвикуваат проблеми на граѓаните во наредните четири години. И оние банди кои полнеле гласови за ДУИ, ќе бидат заштитени“, изјави Таравари за „Лајм“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг