Ненадејно почина поранешниот водител на „MythBusters“

Точка

14/07/2020

19:05

5.770

Големина на фонт

а а а

Грант Имахар, некогашниот водител на „MythBusters“, ненадејно починал во 49-та година од животот.

Засега не е позната причината за смртта, пренесува „Ladbible“.

Тимот на каналот „Discovery“, каде што се емитува емисијата „MythBusters“ во официјално соопштение наведува дека се шокирани и неутешни поради ненадејната смрт на Грант.

„Срцата нѝ се скршени откако ја слушнавме тажната вест за Грант. Тој беше важен член на нашето Discovery семејство и навистина беше неверојатен човек. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство“, се наведува во соопштението.


Грант, кој бил инженер по електротехника и роботика, ѝ се придружил на екипата на „MythBusters“ во третата сезона, а дел од неа бил до 2014-та година.

Неговиот колега од „MythBustersАдам Севиџ (49) се огласил на социјалните мрежи по повод оваа тажна вест.

„Ова е голема загуба. Останав без зборови. Бев дел од ова големо семејство со Грант Имахар во последните 22 години. Беше навистина прекрасен инженер, уметник и перформер, но истовремено и великодушна и нежна личност. Работата со Грант беше многу забавна. Ќе ми недостасува мојот пријател“, напишал Севиџ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг