Медведев: Само со истовремена вакцинација ќе се спречи Ковид-19

Точка

14/07/2020

16:17

2.067

Големина на фонт

а а а

Медведев истакнал дека соработката мора да биде во прв план, но засега недостасува координација во таа сфера, бидејќи некои држави не соработуваат, пренесува "Tass".

Пандемијата на коронавирусот може да се спречи единствено со истовремена вакцинација ширум светот, но некои земји не сакаат да соработуваат во оваа сфера, изјавил денес заменик шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. 

"Посебна приказна е соработката во развојот на вакцина и спроведување на таканаречени кампањи на инoкулација. Сега бурни расправи предизвикува политичкиот проблем, а многу земји дури и се обидуваат таа тема да ја претстават на начин кој не е добар за борбата против пандемијата", рекол Медведев во текот на меѓународниот собир за безбедносната соработка во текот на пандемијата.

Медведев истакнал дека соработката мора да биде во прв план, но дека засега недостасува координација во таа сфера бидејќи некои држави не сакаат да соработуваат, пренесува "Tass".

"Тоа е жално бидејќи пандемијата го погоди целиот свет", рекол Медведев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг