Бејл спие додека соиграчите се борат за титулата

Макфакс

11/07/2020

13:27

1.149

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл повторно ги налутил навивачите со своето однесување во текот на натпреварот со Алавес.

Реал синоќа го победи Алавес со 2:0 и направи уште еден голем чекор кон освојувањето на третата титула во оваа деценија. Реал последен пат биле шампиони на Шпанија во 2017 година.

Додека неговите соиграчи го играа мечот со Алавес камерите го „уловија“ Бејл како спие на клупата за резерви, а потоа и како се смее откако му станало јасно дека нема да влезе на теренот.

Медиумите подолго време шпекулираат дека Бејл ќе го напушти Реал бидејќи бил незадоволен од третманот кој го има тренерот Зинедин Зидан кон него.

Наводно Реал би прифатиле понуда од 25 милиони евра само за да го ослободат од обврските.

Герет Бејл е во Реал од 2013 година, а актуелниот договор му истекува во 2022 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг