Погледнете ја рекламата за предизвикувачот на Трамп: "Бајден може да трча и да пие вода"

Точка

10/07/2020

17:19

1.449

Големина на фонт

а а а

Се сеќавате на незгодата која американскиот претседател Доналд Трамп ја имаше при одржувањето на говорот пред дипломците на престижната воена академија Вест Поинт?

Трамп во таа прилика имал проблем со наизглед едноставни задачи за физички, односно невролошки здрава личност, како пиење вода од чаша и спуштање по скали од бината. Чашата морал да ја придржува со двете раце, а по скалите се симнувал бавно и несигурно, чекор по чекор. 

Сето тоа предизвикало општо исмејување, но и шпекулации за здравствената состојба на Трамп. Психијатарката од Јејл, Банди Ли, изјавила дека станува збор за невролошки знаци кои се доволно загрижувачки и бараат снимање на мозокот.

Бајден трча, а Трамп се спушта со мака. Бајден пие вода со една рака, Трамп со две

Таа прилично непријатна ситуација во која се нашол Трамп ја искористила Твитер страната "Fact", која на основа на тоа креирала и објавила прилично смешен неофицијален предизборен спот за противкандидатот на Трамп, Џо Бајден.

Спотот се базира на очигледниот контраст во физичката форма на Бајдан и Трамп: додека Бајден во снимката која потекнува од времето кога бил потпретседател во администрацијата на Барак Обама трча со Обама низ Белата куќа и вежба, Трамп се мачи со спуштање по скали.

А додека Бајден после тоа пие со ОБама вода од чаша, со една рака - Трамп својата ја придржува со двете раце.

Иако предизборниот стожер на Бајден нема никаква врска со спотот и не го користел, видеото станало вирално па само на Фејсбук било споделено 135.000 пати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг