Села: Недостаток на вода за пиење беше и е еден од главните проблеми на граѓаните на Тетово

Макфакс

09/07/2020

10:07

954

Големина на фонт

а а а

Недостаток на вода за пиење беше и е, еден од главните проблеми на граѓаните на Тетово и околината, изјави Зиадин Села, претседател на Алијансата за Албанците, на средба со жителите на Речица, заедно со кандидатите за пратеници во шестата изборна единица.

Села им вети на жителите од оваа област дека по четири години повеќе нема да се зборува за пиење вода затоа што ова ќе биде реалност.

„Штом ја зимаат водата што Бог ни ја дава преку оваа убавина што е Шар Планина и штом ја носат преку канали во Маврово, а Тетово го оставаат без вода, иако 18 години добија мандат од тетовци. Тие веќе немаат место меѓу вас. Додека ветуваме дека кога ќе дојдеме после четири години, веќе нема да зборуваме за вода, нема да зборуваме за улички и училишта затоа што тие ќе бидат реалност“, кажа Села.



Спонзорирани линкови

Маркетинг