Том Хенкс порачал: “Ако не можете да се придржувате до овие 3 работи, тогаш не ве почитувам”

Точка

07/07/2020

16:12

3.912

Големина на фонт

а а а

63-годишниот актер Том Хенкс нема многу почит за оние кои овие денови не носат заштитни маски и не се придржуваат до епидемиолошките мерки во борба против коронавирусот кој и понатаму трае.

Славниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон кон почетокот на март објавија дека се позитивни на коронавирус, кој продолжува да одзема животи ширум светот. Тие се излекуваа од вирусот во карантин во Австралија, каде и се заразиле, а потоа се вратија во Америка. 

Омилениот Оскаровец во интервју за “Reuters” изјавил дека е тажен поради новонастанатата ситуацијa и тоа што луѓето не се грижат за своето здравје и за здравјето на своите најблиски.


“Постојат 3 мали работи кои може да ги направи секој – ако сака. Носете маски, мијте раце и држете дистанца. Ако не можете да се придржувате до ова, немам голема почит кон вас”, изјавил Хенкс и упатил апел до сите луѓе ширум светот.

Овие мерки на претпазливост, Том Хенкс ги споредил со возење на автомобил:

“Ако возите автомобил, мора да користите сообраќајна сигнализација, да не возите пребрзо и да внимавате на пешаци”, истакнал тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг