Санјдер искрено за работата на Мурињо во Интер: На натпреварите бараше многу од нас, а потоа…

Дерби

05/07/2020

12:46

2.029

Големина на фонт

а а а

Весли Снајдер се сети на можеби најубавите моменти од неговата кариера кога со Интер успеа да стигне до тронот во Лигата на шампионите и да ја покори Италија освојувајќи ја и Серија А и Купот на Италија.

Холанѓанецот заслугите за ваквите успеси нормално ги упати на адреса на Жозе Мурињо кој создаде генијална комбинација на играчи кои донесоа успеси кои со златни букви ќе бидат забележани во историјата на клубот.

Снајдер во интервју за англиски „Мирор“ откри дека Мурињо им дал голема слобода на играчите надвор од теренот и им дозволувал да прават разни работи, но за возврат барал тотална посветеност на теренот за време на натпреварите.

– Знаеше како да се носи со нас. Ни велеше: „Момци ќе ви дадам повеќе слобода од тоа што сте навикнати, а за возврат сакам да имам подобар тим“.

– За време на натпреварите бараше се од нас, но надвор од теренот ни даваше многу простор. Пиевме внио, цигари… Сигурен сум дека знаеше дека ги правиме овие работи, -изјави Снајдер, а потоа откри како Португалецот се справил со проблематичниот Марио Балотели.

– Мурињо секогаш не штитеше, но не смееше да си играме со него. Балотели го проба тоа. Тој беше млад и мислеше дека знае се, па кога Мурињо не го користеше многу, Марио влезе во мојата хотелска соба каде бев со уште неколку други играчи.

– Кажа дека си заминува затоа што менаџерот не зборува со него и дека не добива многу шанса за настап.

– Мурињо подоцна ни кажа дека ќе го врати Марио во тимот ако тој се извини на целиот тим и него посебно. Марио го стори точно тоа и се врати назад.

– Во финалето од Лигата на шампионите, Мурињо му кажа на Балотели да се загрева 45 минути, а потоа го пушти Марко Матераци да се загрева пет минути. Матераци влезе во игра, Балотели не. Тоа беше право на Мурињо, -изјави Снајдер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг