Видео: Социјален експеримент - дали би зборувале со личноста позади завесата?

Точка

04/07/2020

23:24

2.942

Големина на фонт

а а а

Деновиве на социјалните мрежи вирално се прошири навидум едноставно, но моќно видео кое нѐ потсети на суштината на човековото живеење на планетата Земја - што секој од нас прави за светот да биде подобро место за живеење.

Одговорите поделени, заклучокот - не правиме доволно, а пораката само една: секој од нас ја има моќта да направи промена.

На крајот на денот, личноста зад завесата ја дели истата иднина како вас, иднина во која треба да се вложува, иднина во која го дишеме истиот воздух, иднина во која треба меѓусебно да се почитуваме и да ги прифаќаме различностите, но и да живееме во хармонија со природата - затоа што само така ќе го направиме светот подобро место за живеење.

Социјалниот експеримент кој за кратко време доби преку 100.000 прегледи е дел позитивната политичка кампања на партијата ДОМ за претстојните предвремени парламентарни избори, со слоганот „Иднината е зелена!“.

„ДОМ продолжува со својот пристап да води и самостојна позитивна кампања за промоција на зелените вредности: заштита на животната средина, почитување на човековите права и еднакви можности за сите, социјална правда и зелена економија базирана на обновлива енергија, енергетска ефикасност, органска храна, еко-туризам и смарт технологии. Кампањата има и едукативна улога, за подигање на еколошката свест за потребата од целосна преобразба на Македонија во земја со одржлив развој и одлучна климатска акција, која што води сметка за природата и здравјето на граѓаните“, велат од политичката партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг