Бујар Османи: „По 15-ти јули Македонија ќе го има првиот премиер Албанец“

Точка

03/07/2020

20:40

3.121

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5, изјави дека знае дека по 15-ти јули Македонија ќе има прв премиер Албанец.

Османи вели дека идејата за премиер Албанец не е нова, дека за неа ДУИ се подготвувал уште наредниот ден кога Талат Џафери стана претседател на Собранието, како нареден чекор, за како што вели надминување на последното табу – дека премиер може да биде само Македонец.

Според него, извесно е дека големите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе освојат најголем број пратенички места, но вели дека токму ДУИ ќе биде клучниот фактор и токму оваа партија во коалиција ќе го добие мандатот да формира влада.

Инаку, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во минатонеделниот дуел изрази подготвеност да му отстапи пратеници на противникот Христијан Мицкоски за тој да формира влада, доколку ДУИ ја уценува СДСМ со премиер кој тие го предложуваат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг