Објавени добитниците на стипендии за талентирани ученици во Општина Карпош

Макфакс

02/10/2026

12:10

116

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош ја продолжува традицијата на поддршка на талентираните ученици преку доделување на стипендии во учебната 2026/2027 година, со цел да ги мотивира младите да остварат врвни резултати во образованието и другите активности.

Општина Карпош и оваа година продолжува да ги поддржува талентираните ученици од основните училишта на својата територија, преку доделување осуммесечни стипендии за учениците од VIII и IX одделение.

Во учебната 2026/2027 година, Општината ќе додели вкупно 57 стипендии, од кои: 33 стипендии од прва категорија, во месечен износ од 3.500 денари; 24 стипендии од втора категорија, во месечен износ од 3.000 денари.

Списокот на добитници на стипендии е објавен на следниот линк: https://shorturl.at/toH6R.

Со оваа мерка, Општина Карпош ги поттикнува и наградува младите таленти, мотивирајќи ги да продолжат да постигнуваат одлични резултати во образованието, како и во воннаставните и слободните активности.