Венчавката сега е во втор план! Џеј Ло после одморот оди на вештачко оплодување?

Точка

03/07/2020

18:01

1.829

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез и Алекс Родригез за време на изолацијата решиле да ја стават венчавката во втор план.

Имено, парот е спремен за принова, а од таа причина постои сомнеж дека пејачката после одморот ќе оди на вештачко оплодување, пишуваат странските медиуми.


„Една од првите работи за кои зборуваа кога почнаа да излегуваат, беа токму децата. Чувствуваат дека вештачкото оплодување е она што им треба. Со оглед на тоа дека плановите за венчавката се ставени во втор план, сега е совршено време за проширување на нивното семејство“, раскажал изворот.

Инаку, папарацо фотографите во текот на оваа недела ги фотографирале Џенифер и Алекс додека биле на одмор. Пејачката била во необично издание и привлекла огромно внимание во јавноста.



Спонзорирани линкови

Маркетинг