Во функција тестовите за брза дијагностика на Ковид-19 за родилки и пациенти пред интервенција

Макфакс

03/07/2020

15:35

152

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека тестови за брза дијагностика на присуство на вирусот Sars-Cov-2 се распределени и истите почнуваат да се користат во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Овие тестови иако се PCR-метода, не се истите кои се користат во лабораториите за рутинско тестирање од ковид. Наменети се за брза детекција на вирусот кај пациенти кои се суспектни на ковид, а на кои им е потребна одредена интервенција.

Тестовите за брза дијагностика овозможуваат веднаш по тријажата и добивањето на резултатот за само 40-тина минути да се пристапи кон соодветната интервенција кај пациентот.

Брзите тестови веќе се употребуваат на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, со што значително се олеснува работата на медицинскиот кадар.

Со брз PCR-тест на ГАК ќе се тестираат родилките и на овој начин, веднаш ќе се знае дали родилката треба да биде пренесена на одделението за изолација. Клиниката за гинекологија и акушерство веќе ја поседува и потребната опрема за обработка на материјалите, истата која се користи за детекција на ХПВ-вирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг