Дијана OG се враќа на трап сцената со “19”

Точка

30/06/2020

15:07

3.862

Големина на фонт

а а а

Дијана OG ја помниме како првата траперка во Македонија со песната “OG” која достигна голем успех.

По мала пауза, таа се враќа на сцената со нова песна која го носи насловот “19”, што всушност е симбол за нејзините години. 

Видео записот е во изработка на Ненад Смиљковиќ, а музиката е на Христијан Трендафилковиќ - Fleggma.

Дијана неодамна стана член на “Горила семејството” и целиот проект за песната “19” е под покровителство на Горила ТВ, која инаку е продукција на познатите 2Бона.

Како што вели во песната, има само 19 години и ова е само почеток. Ние ги стискаме палците за нејзиниот успех кој допрва треба да дојде, а воедно и да ја размрда трап сцената со женски артисти.




Спонзорирани линкови

Маркетинг