Точка ТВ премиерно со (не)типичниот инфлуенсер Борис Соколов: „Едвај чекам некој да се изглупира, за да го објавам кај мене на Инстаграм“

Точка

24/06/2020

21:26

5.099

Големина на фонт

а а а

Веројатно поголемиот дел од 'Инстаграмџиите' би се согласиле дека некогаш нѝ е доста од 'инфлуенсерки' кои секојдневно објавуваат реклама за одреден производ на некој бренд.

Освен што знаеме 'што нѐ очекува на нивните профили', многупати прават лапсуси кои речиси и да поминуваат незабележано.

Но, тоа беше случај пред да се појави (не)типичниот инфлуенсер, Борис Соколов.

Доколку никогаш претходно не сте го сретнале ова име, денеска ви носиме причина повеќе зошто да го направите тоа.

Имено, Борис на својот Инстаграм профил споделува видеа кои сам ги изработува, а главна тема се 'гафовите на нашите инфлуенсер(к)и'.

Соколов за многу краток период собра повеќе од 25.000 следбеници, а деновиве сите се во исчекување на видеото со кое ќе се заблагодари за оваа нималку наивна бројка.

Во разговор со Борис дознавме дека неговото ново хоби е навистина голем предизвик, со оглед на тоа дека постојано добива пораки со навредливи содржини.

„Насилник, шовинист, сексист, сатанист“, се само дел од бруталните коментари кои ги добива, но сепак, на крајот од денот Борис повторно останува со полни раце работа.

Автор: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk