Точка ТВ: Што кријат водите на Охридското Езеро – едно од најстарите во Европа?

Точка

23/06/2020

20:00

4.985

Големина на фонт

а а а

Додека многубројни геолози и биолози се занимаваат со староста и природното богатство на Охридското езеро, историчарите трагаат по тајните кои што тоа ги крие во себе. Ова се дел од нив!

Охридското Езеро е најстарото езеро во Европа, а во своите длабочини крие многу тајни. За дел од нив се знаело, а другите се откриваат постепено.

Ова се дел од нештата кои езерото ги крие во себе:

Англиски авион и брод – влекач

Во езерото во градот Поградец во Албанија биле пронајдени остатоци од авион кој што паднал во езерото за време на Втората светска војна.

Приказната за авионот датирала одамна, но со тоа што биле пронајдени остатоци од англискиот воен авион, истата се докажала за вистинита.

Во близина на Струга во езерото биле пронајдени остатоци од потонат брод кој веројатно датира од Првата светска војна, со тоа биле потврдени сознанија стари половина век.

Сараиште – подводно депо на оружје

Во музејското депо биле пронајдени над 100 најразлични видови пушки и други видови оружје и предмети. Дел од нив припаѓале на временскиот период на 18-ти и почетокот на 19-ти век – на османлиската војска.

Исто така таму биле пронајдени и бајонети и шлемови кои што датираат од Првата светска војна.

Инаку, истражувачите не ги кажуваат точните локации од каде што го вадат оружјето поради дивите трагачи кои што можат да стигнат до скриеното богатство.


Скапоцени предмети од минатото

Рибарски тегови, фрагменти од бокали и други метални садови, железни копја, орудија и разни предмети користени за орнаменти, се само дел од археолошките фрагменти кои што Охридското Езеро ги крие во себе.

Се верува дека езерото изобилува и со разни книги и тајни документи, жезла и круни.

Експертите во едно се согласни: материјалните докази кои што се најдени во Охридското Езеро треба да бидат основа за еден нов музеј во Охрид кој што ќе привлекува многубројни туристи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk