''Ѕирнете'' во внатрешноста на фасцинантната Кеопсова пирамида – видео кое ќе ве остави без здив

Точка

22/06/2020

12:57

8.677

Големина на фонт

а а а

Во оригиналната верзија била висока 146.5 метри, додека таа денес има висина од 138.8 метри.

Пирамидата на Кеопс или позната како Куфу, денес е дефинитивно најголемата пирамида која што е сочувана од седумте светски чуда во античкиот свет.

Нејзиниот градител, фараонот Куфу познат под грчкото име Кеопс ја градел, како што се смета според мислењето на египтолозите, околу 20 години - помеѓу 2509 и 2483-та година пред Христос.

Во пирамидата се наоѓаат многубројни ходници и премини и три огромни комори, а секако дека најпозната е Големата галерија - најголемите одаи кои што досега биле откриени во нea.

Благодарение на 3D видео на Би-би-си, сега добивме можност виртуелно да ''прошетаме'' низ цврсти камени блокови и да ги откриеме скриените премини и простории.

Погледнете го фасцинантното видео: